Достапни линкови

Фуере: ЕУ очекува закон за борба против дискриминацијата


Македонија да донесе закон за борба против дискриминацијата, согласно европските стандарди, во кој ќе биде вклучена и различната сексуална ориентација, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере пред почетокот на денешниот меѓувладин состанок по повод претстојниот Европски самит за Ромите во Кордоба. Според него, изборот што ќе го направат Владата и Парламентот во идниот вторник е многу битен. Или, како што нагласи, ќе се покажат како промотори на политики кои поддржуваат толеранција, гарантирајќи најдобар начин за борба против дискриминацијата или ќе покажат дека негуваат политика на дискриминација. Фуере забележа дека тоа веќе го сторија сите земји од регионот, освен Македонија.
XS
SM
MD
LG