Достапни линкови

Хрватите посигурни во НАТО


Скоро две третини од граѓаните на Хрватска се чувствуваат побезбедно во држава која е членка на НАТО, покажува истражувањето во таа земја во пресрет на годишнината од влезот на земјата во Алијансата. Според анкетата 64,6 проценти од испитаниците се чувствуваат побезбедно откако земјата е во НАТО. Повеќе од половина од анкетираните сметаат дека со членството во НАТО се зголемил угледот и зајакнала меѓународната позиција на Хрватска. Испитувањето покажа стабилна поддршка на граѓаните за хрватските ангажмани во меѓународните операции.
XS
SM
MD
LG