Достапни линкови

Иранскиот преговарач за нуклеарното прашање во Кина


Главниот ирански преговарач за нуклеарното прашање Саид Џалили престојува во Пекинг на разговори со кинески официјални претставници. До оваа посета доаѓа откако Кина се согласи да учествува на преговорите на западните сили и Русија за можните нови санкции против Техеран поради тоа што не презел чекори за да ја намали згриженоста во светот за целта на иранската нуклеарна програма. Иран ги отфрла западните тврдења дека се обидува да дојде до нуклеарно оружје. Кина која има право на вето во Советот за безбедност на Обединетите нации се противи на воведувањето нови санкции против Иран.
XS
SM
MD
LG