Достапни линкови

Иванов и Балаш за евро атланската интеграција на Македонија


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Унгарија Петер Балаш. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов рекол дека брзото ширење на НАТО и на ЕУ е најдобар рецепт за економски развој, стабилност и натамошно напредување на демократијата во Југоисточна Европа.
Претседателот Иванов го информира гостинот од Унгарија и за текот на разговорите во спорот наметнат од Грција, како и за аргументите и позициите на Република Македонија.
Министерот Балаш изразил уверување дека интегративните процеси на ЈИЕ ќе бидат меѓу врвните приоритети на унгарското претседавање со ЕУ во 2011 година.
XS
SM
MD
LG