Достапни линкови

Бугарија - Неуспешен обид за импичмент на Претседателот Прванов


Бугарската владејачка десничарска партија, Граѓани за европски развој на Бугарија - ГЕРБ, не успеа во парламентот да собере доволен број гласови за покренување импичмент за претседателот на државата Георги Прванов.
За отповикување гласаа 155 пратеници на ГЕРБ, Атака и десничарската Сина коалиција, а за покренуавње постапка беа неопходни 161 глас, односно две третини од вкупниот број пратеници.
Владејачката партија барањето за смена на претседателот го иницираше поради наводно кршење на Уставот, откако Прванов објави стенограм од разговор со министерот за финансии Симеон Ѓанков од состанок воден зад затворени врати.
XS
SM
MD
LG