Достапни линкови

Груевски - Балаш: Македонија да изнајде решение со Грција за името


Премиерот Никола Груевски денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Унгарија Петер Балаш.
Владата соопшти дека на средбата, Груевски ги истакнал стратегиските приоритети за интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, економскиот развој на земјата, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, борбата против организираниот криминал и корупцијата и инвестициите и модернизацијата во земјоделскиот сектор.
Министерот Балаш го поздравил прогресот на полето на реформите и евроатлантските интеграции кој Република Македонија.
Двајцата соговорници констатирале дека Република Македонија, паралелно со реформите, треба да продолжи и со напорите за изнаоѓање на заемно прифатливо решение за отвореното прашање со Република Грција
XS
SM
MD
LG