Достапни линкови

Без зборот геноцид српската декларација за Сребреница нема тежина


Преживеани во масакрот во Сребреница соопштија денеска дека декларацијата од српскиот парламент со која се осудуваат злосторствата во 1995 година, нема тежина бидејќи не го оквалификува злосторот како - геноцид.
Знаеме дека биле извршени злосторства во цела Босна, но има одлука на Меѓународниот суд ,според која, во Сребреница е извршен геноцид, изјави Хајра Чатиќ претставник на Здружението на жените од Сребреница.
Вооружените сили на босанските Срби, под команда на генерал Ратко Младиќ во јуни 1995 година ја презедоа муслиманската енквала Сребреница во источниот дел на Република Српска и убија околу осум илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG