Достапни линкови

Седница на Уставниот суд на Македонија


Уставниот суд на денешната седница го утврди текстот на Одлуката со која се укинаа четири одредби од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција.
Во одлуката се содржани прецизни аргументи што е последицата од укинувањето на дел од членот 2 на Законот за лустрација при што Судот определува дека за периодот од 1991 до 2008 година на граѓаните на кои им се кршеле човековите права од страна на лица соработници на безбедносните служби на начин својствен на претходниот систем, односно спротивно на сегашниот Устав, им е овозможено да поведат кривично-правна постапка.
Уставниот суд на денешната седница ја запре постапката за утврдување на уставноста на член 162 од Законот за внатрешни работи од 2009 година, кој се однесуваше на пензионирање на овластени службени лица во МВР доколку наполниле 40 години пензиски стаж независно од нивната возраст. Постапката претходно беше поведена на 2 декември минатата година затоа што се постави прашањето дали на ваков начин не се создава нееднаквост меѓу граѓаните вработени во МВР, со оглед дека се предвидуваат различни услови за ист статус на вработените.
XS
SM
MD
LG