Достапни линкови

Еврозоната во рекордна инфлација


Инфлацијата во 16 те земји кои го користат еврото во март го достигна највисокото ниво во изминативе 15 месеци, покажуваат најновите податоци на Еуростат. Зголемувањето на инфлацијата се објаснува главно со покачувањето на цената на нафтата на преку 80 долари за барел. Истовремено, бројот на невработените во еврозоната во текот на февруари се зголемил за над 60 илјади и сега стапката на невработеност изнесува 10 насто. Тоа е највисока стапка од август 1998 година.
XS
SM
MD
LG