Достапни линкови

За уставните измени за Судскиот совет по Велигден


Македонскиот премиер Никола Груевски најверојатно по Велигден ќе закаже нова лидерска средба на која треба да се разговара за уставните измени во делот на Судскиот совет, јавува агенцијата МИА повикувајќи се на извори во ВМРО ДПМНЕ кои велат дека материјалите со нивниот предлог за уставните измени веќе биле подготвени. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска на средба со новинарите изјави дека уставните измени се уште не биле стигнати во Парламентот и оти немало најави кога ќе се случи тоа. Вељаноски најави дека измените нема да бидат изгласани набрзина.
XS
SM
MD
LG