Достапни линкови

Милошоски: разговори со Нимиц кон средината на април


,,Ако Грција навистина сака да го промовира планот Западен Балкан 2014 година, таа би требало да го смени својот однос спрема прашањето на евроинтеграциите на Македонија, како и спрема Косово,, изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски на денешната прес конференција во Скопје по разговорите со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Балаш. Тој најави можна нова средба и разговори со медијаторот Метју Нимиц кон средината на април. Инаку, двајцата министри изјавија дека Македонија и Унгарија имаат многу добри билатерални односи, и во политичка и во економска смисла, но оти има простор тие да се унапредат.
XS
SM
MD
LG