Достапни линкови

logo-print

ОН - Авганистан е лидер по производство на хашиш и опиум


Обединетите нации соопштија дека Авганистан не е само лидер во светот во производство на опиум, туку е и најголемиот производител на хашиш. Во извештајот се проценува дека годишното производство на смола која се прави од канабис е меѓу 1.500 и 3.500 тони, со вкупна вредност до 94 милиони евра. Канабисот се одгледувал на 10.000 до 24.000 хектари, со принос од 145 килограми хашиш по хектар. Антонио Марија Коста, извршен директор на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал изјави дека сите видови дрога во Авганистан, без оглед дали опиум и канабис се „оданочуваат“ од оние кои ја контролираат територијата што е дополнителен извор на приходи за бунтовниците.
XS
SM
MD
LG