Достапни линкови

Филе: Да се реши проблемот со Грција и да почнат преговорите со ЕУ


Сметам дека треба да почнат преговорите за пристапување меѓу Македонија и ЕУ, изјави европскиот комесар за проширување Штефан Филе во интервју за чешкиот информативен портал Еуроактив, пренесува МИА. Изминатите неколку години особено 2009 година, според Филе, биле многу добри за реформите во Поранешна Југословенска Република Македонија и поради тоа Комисијата на Европскиот совет препорача со земјата да започнат преговорите за пристапување. -„Нашите колеги од ПЈРМ знаат кои предизвици стојат пред нив - првенствено во соработка со Грција треба да се реши прашањето за името на земјата. Се надевам дека ова ќе се случи многу брзо, односно до јунскиот самит на Европскиот совет“, изјави Филе за порталот Еуроактив.
XS
SM
MD
LG