Достапни линкови

Мајк Мулен - Контролата врз Кандахар е клучна


Шефот на американскиот Генералштаб, адмирал Мајк Мулен, денеска изјави дека контролата врз јужниот авганистански град Кандахар е камен темелник во борбата против талибанците. Тој на прес конференција во Кабул изјави дека превземањето на контролата врз Кандахар ќе ја засили позицијата на авганистанската влада во мировните разговори со бунтовниците. НАТО објави дека ова лето ке почне операции против ова талибанско упориште.
Претходно, НАТО и авганистанските сили започнаа голема офанзива против милитантите во Хелманд провинција која се граничи со Кандахар.
XS
SM
MD
LG