Достапни линкови

Шефот на унгарската дипломатија во Македонија


Во официјална посета на Македонија денеска ќе престојува министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Балаш. Тој ќе се сретне со неговиот домаќин- шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, а ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и од вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Абдулаќим Адеми. За време на посетата ќе биде потпишан Протокол за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Република Унгарија.
XS
SM
MD
LG