Достапни линкови

Романски пратеник уапсен поради корупција


Високиот касациски суд на Романија синоќа му одреди притвор од 30 дена на пратеникот во државниот парламент Каталин Војкуа поради злоупотреба на должноста и корупција. Според обвинението од Националната дирекција за антикорупција, Војкуа го користел своето влијание во решавање на кривични досиеја на осуммина политичари, сенатори и бизнисмени, од кои добивал големи суми пари. Претходно, Сенатот на романскиот парламент гласаше за судење и апсење на пратеникот, затоа што без согласност на домот на кој му припаѓаат, парламентарците не може да бидат апсени.
XS
SM
MD
LG