Достапни линкови

Обама и Саркози со осуда на еврејските населби и иранската нуклеарна програма


Претседателите на САД и на Франција Барак Обама и Никола Саркози на синоќешната средба во Вашингтон се согласиле во осудата на изградбата на израелски населби во источен Ерусалим. Саркози изрази жалење поради состојбата во тој регион, истакнувајќи дека на тој начин се поттикнува тероризмот во светот. На заедничката прес конференција по средбата, Обама од своја страна истакна дека двете земји се согласни и во спречувањето на Иран да дојде до атомско оружје. Тој нагласи дека Вашингтон сака Обединетите Нации да воведат санкции против Техеран во наредните неколку недели
XS
SM
MD
LG