Достапни линкови

Донаторска конференција за Хаити


Во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк денеска ќе биде одржана Меѓународна конференција на земјите донатори за Хаити, по катастрофалниот земјотрес што ја погоди оваа земја на 12 јануари, при што загинаа повеќе од 200 илјади лица, а над милион луѓе останаа без своите домови. На конференцијата ќе бидат побарани вкупно 3,8 милијарди долари, како дел од 11-те милијарди долари кои се неопходни за обнова на земјата. Вчера Европската Комисија соопшти дека Европската Унија ќе се обврзе да обезбеди 1,2 милијарди евра за обнова на Хаити.
XS
SM
MD
LG