Достапни линкови

logo-print

Предвремени избори да или не?


Центарот на Куманово

Центарот на Куманово

Тешката економска состојба, невработеноста и се поголемата беспарица, граѓаните на Куманово секојдневно ги турка кон безизлез и уништување на нивната идеја како да си го подобрат животниот стандард. Затоа дел од кумановчани се за предвремени избори, додека дел не веруваат дека ќе има избори.

Тешката економска состојба, невработеноста и се поголемата беспарица, граѓаните на Куманово секојдневно ги турка кон безизлез и уништување на нивната идеја како да си го подобрат животниот стандард. Беспомошни, тие од актуелната власт очекуваат мерки кои за нијанса ќе им го подобрат животот. Најчесто западнати во летаргија излезот од тунелот некои го гледаат во предвремени избори. Не дека по изборите животот преку ноќ ќе им се промени. Туку, во период на предизборните кампањи ќе им се случува нешто и ете на кратко ќе им се врати надежта дека утре ќе им биде малку подобро. Затоа некои велат дека предвремени избори треба да има, бидејќи:
Работите не ни одат никако. Нема вработувања. Кризата е голема.


„Работите не ни одат никако. Нема вработувања. Кризата е голема.“

„Би требало да има. Голема беда има и се полошо и полошо доаѓа. Милам дека би требало да има.“

„Треба да има од сите страни.“

„Оваа година би требало да има. Економската состојба е многу лоша.“

велат кумановци, наспроти некои кои сметаат дека:

„Не верувам.“
Оваа година би требало да има. Економската состојба е многу лоша


„Мислам дека нема да има. Никој не се подготвува. Опозицијата треба да бара избори.“

Има такви кои политиката не ги интересира. Неа им ја оставаат на политичарите. Затоа:

„Не знам. Не следиме вести, немаме време за тоа.“

Но, и оние кои не сакаат јавно да го искажат своето мислење:

„Ќе бидам неутрална.“

По завршување на секоја изборна кампања, кога општонародната еуфорија преминува во славење на победниците, на обичните граѓани, особено на оние непартиските, светилките на надежта им згаснуваат. Тие кумановци велат:

„Секоја власт, која и да е само ветува и ништо од тоа.“

Куманово како еден од ретките во државава кој од осамостојувањето ја носи сдсмовската етикета и овој пат на партиите од здружената опозиција им послужи како место за промоција на започнување на кампањата „Време е за акција, за отпор, за фронт“. И покрај тоа некои кумановци велат, преку глава им е од премногу празна политика, затоа кренале раце од следење на таквите случувања.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG