Достапни линкови

ЕУ ќе даде 1,2 милијарди евра за Хаити


Европската Комисија соопшти дека ЕУ ќе се обврзе да обезбеди 1,2 милијарди евра за обнова на Хаити. Потпаролот на министерот за надворешни работи на ЕУ , Маја Кочијанчич изјави дека тие пари ќе бидат обезбедени од Европакта комисија и од Европката банка за инвестиции.
Утре се одржува меѓународната конференција за помош за Хаити во Њујорк, на која ќе бидат побарани вкупно 3,8 милијарди долари како дел од прват рата од 11те милјирди долари кои се неопходни за обнова на земјата.
Хаити пред повеќе од два месеца беше погоден од силен земјотрес при кој загинаа повеќе од 200 илјади луѓе и над 1 милион жители останаа без своите домови.
XS
SM
MD
LG