Достапни линкови

Нема правна основа за целосна забрана на бурката во Франција


Францускиот државен Консул соопшти дека ја советува Владата да не воведе целосна забрана за носење на исламскиот превез. Во соопштението упатено до француската влада е наведено дека нема правна основа за воведување на таква забрана.Во продолжението се вели дека Владата може да се повика на безбедност и јавен ред па да бара од жените кои носат превез да го откријат своето лице во јавни институции како на пример во судови, училишта, болници , за време на универзитетски испити и слично. Пратениците од партијата на претседателот Никола Саркози неодмана се изјаснија дека ќе бараат целосно забрана за носење на исламскиот превез.
XS
SM
MD
LG