Достапни линкови

logo-print

Во Македонија вчера се садеа 7,5 милони садници. Во претходните 4 акции беа заседени 20 милиона дрвца на 8 илјади хектари. Тоа е 2500 - тини дрвца на хектар. И додека политичарите на чело на народот ја садат својата иднина, проблемот е што по садењето? Ќе стане ли Македонија барем малку позелена држава?

Се копа дупка поголема од големината на коренот, односно бусенот на садницата. Се отстрануваат камења или други крупни тврди, или остри делови во земјата. Се поставува садницата со кореновиот врат нешто пониско од површината на земјата. Садницата се затрупува,
Така што мислам дека од минатата година многу повеќе се зема предвид локацијата и видот на садникот кој се поставува на тоа место.
односно затвара со почва. Откако рано утрово си ја засадив иднината во дворот, мислам дека овие неколклу практични совети ќе бидат добредојдени за сите кои денеска не следат од некоја нива, полјана или планински предел и садат дрвца во рамките на акцијата денот на дрвото. По петти пат жителите на Македонија се ангажираат за позеленување на земјава. Неработниот ден во некои компании се одбива од деновите предвидени за одмор. За време на пандемијата на свинскиот грип акцијата не се откажа. Се чини дека за сега ништо не ја поткопа „зелената свест“ на граѓаните. Се чини дека најчесто прашање денеска е „дали си ја засадивте иднината“ и ако не „зошто не?“. Акцијата добива безрезервна поддршка од невладиниот сектор. Методија Саздов од Македонскиот зелен центар вели дека иницијативата е добро организирана со подршка на експерти и академици.
Крадците на тие мали стебленца или расади, или тие се украдени или можеби не се зафатени ако не се добро засадени.

„Така што мислам дека од минатата година многу повеќе се зема предвид локацијата и видот на садникот кој се поставува на тоа место.“

Како и секоја иницијатива, можно е да се јават проблеми, додава Саздов

„Крадците на тие мали стебленца или расади, или тие се украдени или можеби не се зафатени ако не се добро засадени.“

Дополнително, се поставува прашањето што се случува со дрвцата по засадување. Јасно е дека кога нема да бидам дома, ќе морам да ги молам соседите да ми ја полеваат иднината која ја засадив утрово. Но, што ќе се случува со дрвцата засадени далеку од домовите на учесниците во акцијата? Од Македонски шуми одбиваат коментар. Јавното претпријатие до сега беше прочешлано од Министерството за внатрешни работи кое покрена кривични пријави против припадници на шумската полиција, осомничени за дрвокрадство. Инаку според стручна литература, ефектите од позеленувањето, под услов повеќето садници да преживеат, ќе бидат видливи по триесетина години.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG