Достапни линкови

Иванов бара Грција да го смени односот кон соседите


Македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов денеска изјави дека Грција треба да го промени својот однос кон соседите, како што вели не е доволно само да се сменат одговорните за скандирањето на антимакедонските и антиалбанските пароли на воената парада во Атина. Иванов додаде дека за инцидентот разговарал и со својот албански колега, Бамир Топи, и како што вели, заедно изразуваат загриженост за ваквите инциденти во Грција кои не се случуваат прв пат.
XS
SM
MD
LG