Достапни линкови

Започнуваат обидите за симулирање на „големата експлозија“


Нучниците од Европскиот центар за нуклеарни истражувања денеска ќе почнат со обидите за предизвикување на мини верзија од големата експлозија пред околу 14 милијарди години, со која се верува дека е настанат универзумот. Во 27 километри долгиот овален тунел под француско – швајцарската граница, би требало да дојде до судир меѓу два снопа протони кои се движат во спротивен правец. Научниците се надеваат дека експериментот ќе помогне да се откријат клучните мистерии за создавањето на универзумот. Има и страхувања дека вака предизвиканата експлозија може да создаде микро црни дупки, но многумина научници тврдат дека не постои никаква опасност.
XS
SM
MD
LG