Достапни линкови

Незадоволство во јавниот сектор


Некои од секторите кои минатата година беа погодени од економската криза полека се опоравуваат, а мотивите за протести кај други сега стануваат актуелни. Според упатените, незадоволството во јавниот сектор е присутно во здравството, железницата, безбедносните структури и земјоделците.

Доказ дека незедоволство го погодува јавниот сектор е здравството од каде дојдоа критиките за рестрикциите во одредини сегменти со мерките на владата за намалување на капитацијата. Симо Сиљановски вели дека него никој не го запознал ниту со еден акт со кој тоа
Сето тоа го слушаат и претставува проблем во кој се препознаваат, мислат да не ги загубат работните места и тоа е ситуација која создава незадоволство.
прашање би требало да биде решено.

„Сето тоа го слушаат и претставува проблем во кој се препознаваат, мислат да не ги загубат работните места и тоа е ситуација која создава незадоволство.“

И претходно Фондот за здравствено осигурување имал искуства со загуби кои достигнувале висина и од сто милиони евра и во таква состојба го затекна оваа власт која и ги намали тие загуби. Проблемот сега е во големиот пакет здравствени услуги кои болниците со своите буџети не може да го издржат, а кај граѓаните се создава слика дека се можни сите услуги и тоа создава парадоксална ситуација, вели Силјановски. Незадоволство во јавниот секотор има и од законот за јавни службеници. Според Милан Живковиќ од ССМ истиот е непрецизен, нејасен и остава простор за манипулација со вработените.

Помалку остри во своите согледувања за законот се во Конфедерцијата на слободни синдикати. Раско Мишковски изјави дека имале разговори со ресорните министерства претходно и околу законот за работни однсои кој најмногу ги погодува во делот кој се однесува на пререгистрацијата на синдикатите. Според ова, за Конфедерацијата сликата која ја создава ССМ за зголемени тензии мегу вработените не е реална

„Тие создаваат таква тензија кај луѓето од нивни познати причини. Во нашиот дел, јавен сектор, нема некои посебни незадоволства. Ние секогаш имаме разговори и преговори со ресорните министерства.“
Има мало стагнирање на отпуштање на работници, затоа што во одредена ситуација има зголемување на активноста, но генерално компаниите се гушат во неликвидност.


Некои стопанства посочуваат дека сега остваруваат и попозитивна позиција во споредба со минатата година. Меѓу нив е градежништвото кое минатата година алармираше во однос на економската криза која се одрази врз домашната економија со отпуштања од работа. Павел Трендафилов од Синдикатот за градежништво и индустрија оценува дека има мало ублажување на состојбите.

„Има мало стагнирање на отпуштање на работници, затоа што во одредена ситуација има зголемување на активноста, но генерално компаниите се гушат во неликвидност.“

И додека полека се опоравуваат некои од секторите кои минатата година беа погодени од економската криза мотивите за протести кај други сега стануваат актуелни. Иако сме излезени од рецесијата нема нови работни места ниту може да се очекуваат ефетки од новите финансиски мерки на владата кои се четврти по ред, оценува Милан Живковиќ од ССМ. Меѓу синдикатите кои деновие се придружија на најавите за организирање протести по велигденските празници, слично на ССМ кои најавија такви чекори но без да прецизираат датум е Конфедерацијата на синдикални организации. Тие посочуваат за постоење незадоволство меѓу вработените во железницата, безбедносните структури и земјоделците.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG