Достапни линкови

Ден на жалост во Русија


Во Русија денеска е ден на жалост за жртвите од вчерашните две експлозии во метрото во Москва. 39 луѓе загинаа, а над 60 беа повредени, а нападите ги извршиле две жени самоубијци. Засега никој не ја превзел одговорноста за нападот, но руските власти сметаат дека тоа е дело на милитанти од Северен Кавказ. Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека одговорните ќе бидат пронајдени и казнети. Меѓународната заедница го осуди овој терористички чин.
XS
SM
MD
LG