Достапни линкови

logo-print

Времето ќе биде сончево, попладне наоблачување


Времето во Македонија ќе биде претежно сончево, тивко и потопло. Локално ќе дува слаб јужен ветер. Кон крајот на денот, почнувајќи од западните делови, ќе се зголемува облачноста и во ноќните часови ќе има услови за локален дожд, особено во западните делови. Утринската температура се движи од минус два до три, а дневната ќе биде од 17 до 23 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, тивко и топло. Кон крајот на денот ќе се зголемува облачноста. Утринската температура се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 21 степен.
XS
SM
MD
LG