Достапни линкови

Фуере го осуди инцидентот на грчката војска


Евроамбасадорот Ерван Фуере денеска ги осуди анти-македонските и анти-албанските скандирања на грчката војска за време на прославата на Денот на независноста на Грција, изразувајќи надеж дека ваков чин се случува последен пат. Фуере додаде дека грчката влада презеде итни мерки за да ги санкционира сторителите и со тоа го изразува нејзиното осудување на тие настани. Тој истакна дека и македонската и грчка влада се стремат да создадат добра атмосфера за решавање на отворените прашања и да покажат дека соседите можат да работат и живеат заедно, но не со такви предрасуди кои биле изразени од мал број на луѓе.
XS
SM
MD
LG