Достапни линкови

Турција не ги подржува санкциите за Иран


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека не ги поддржува економските санкции за Иран. Ердоган по разговорот со германската канцеларка Ангела Меркел додаде дека дипломатијата е вистинскиот пат кон решение на овој проблем а не санкции. Меркел побара од Турција да го подржи наметнувањето на санкции врз Иран, освен доколку Техеран на транспарентен начин и докаже на Меѓународната заедница дека нема амбиции да произведе нуклеарно оружје. Ердоган рече дека се уште не е донесена цврста одлука како ќе гласа на Самитот за нуклеарна безбедност во Вашингтон во врска со санкциите. Турција е непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG