Достапни линкови

Ученици од Кичево барат подобро обезбедување во училиште


Средношколците од учлиштето „ Мирко Милевски “ во Кичево денеска одржаа мирен протест. Тие бараа да се зголеми безбедноста во училиштето поради неодамнешните инциденти во кои биле нападнати ученици. Како што пренесува новинскта агенција МИА станува збор за три тепачки меѓу македонски и албански ученици надвор од кругот на гимназијата. По протестот на состанок претставници на учениците, на министерството за внатрешни работи , директорот и училишниот одбор се договориле да се засили обезбедувањето во училиштето.
XS
SM
MD
LG