Достапни линкови

Колку чини споменикот Филип Втори во Битола?


Просторот каде што е планирано поставување на споменикот на Филип Втори

Просторот каде што е планирано поставување на споменикот на Филип Втори

Советниците од опозицијата во битолската општина бараат отчет од градоначалникот Владимир Талески колку пари се потрошени за споменикот на Филип Втори во центарот на градот, што се уште не е поставен. Опозицијата вели дека за изградба на споменикот се потрошени околу 500 илјади евра, додека според градоначалникот се работи за многу помала сума, која прецизно не ја открива.

Битолската опозиција побара отчет од битолскиот градоначалник Владимир Талески колку пари се потрошени за споменикот Филип Втори, кој повеќе од година дена стои во дворот на општината и не се знае кога ќе биде поставен на плоштадот Магнолија. Според опозицијата, за изградба на споменикот и околното партерно уредување потрошени се околу 500 илјади евра, а според градоначалникот се работи за многу помала сума која прецизно не ја открива.

Златко Ќурчиевски, советник од СДСМ и член на комисијата за комунална дејност, вели „кај нас стигнуваат материјалите и убаво во тие материјали стои дека за изработка на склуптура на споменикот се предвидени и потрошени 7 милиони денари, за изработка на споменикот 5 милиони денари, за изработка на постамент 7 милиони денари. Ако градоначалникот знае да ги собере тие работи ќе види колку средства се потребни за да се изгради
Да каже колку ги чинеше битолчани и зошто се уште не го има поставено бидејќи ова е казниво како ненаменско трошење на народните пари.
самиот споменик“.

Градоначалникот со контра одговор „искажа сума со која се обиде да ја изманипулира јавноста, сума која не е веродостојна на податоците, сумата за изградба на споменикот на Филип Втори е пет пати помала од онаа што советникот ја кажа.“

Либералдемократите, пак, прашуваат кој ќе одговара за потрошените пари на граѓаните за споменик кој можеби воопшто нема да се постави.

„Во буџетот е напишано дека за партерно уредување, односно за изградба на споменици, општина Битола во 2009 година потрошила 15 милиони денари или 250 илјади евра. Со се 130 илјади евра за споменикот не доаѓа пет пати поевтино од 500 000 евра, односно само ова изнесува 380 илјади евра. Овде не видов да е вклучено озвучувањето, мелодиите, осветлувањето вградени во овој споменик. Да кажи колку ги чинеше битолчани и зошто се уште не го има поставено бидејќи ова е казниво како ненаменско трошење на народните пари“, вели советникот на ЛДП, Горан Милевски.

Талески вели дека ќе го постави споменикот и додава „моментот кога јас ќе проценам дека треба да се постави, ќе биде поставен“. Коњаникот доцнел заради новинарите кои ги обвини дека го исполитизирале неговото поставување, иако со години Македонија има сложени односи со Грција и обвинувања дека со антиквизацијата провоцира.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG