Достапни линкови

logo-print

Грчката амбасадорка во Македонија се извини за скандирањето на грчките војници


Грчката амбасадорка во Македонија, Алекснадра Пападопулу се извини за националистичките и расистички скандирања на воената парада во Атина. Таа денеска по средбата со македонскиот заменик министер за надворешни работи Зоран Петров изјави дека тоа е изолиран инцидент , треба да биде осуден и е осуден. Пападопулу истакна дека тој инцидент не ги претставува ставовите на грчкиот народ и затоа овој инцидент не треба да се искористи за политички или други цели. Амбасадорката изјави дека ресорниот министер за јавен ред и заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис веќе презел соодветни мерки за да се истражат околностите за инцидентот, како и да се идентификуваат лицата кои се одговорни истите да се казнат.
XS
SM
MD
LG