Достапни линкови

Исламски екстремисти во Македонија?


Силна Исламска верска заедница е гарант дека радикалниот ислам нема да наиде на плодна почва во Македонија, вели генералниот секретар на ИВЗ, Африм Тахири.
ИВЗ во Македонија е доста активна, јака, има и високо образовна институција, и средно образовна институција, нема да има такви шанси кај нас.


„ИВЗ во Македонија е доста активна, јака, има и високо образовна институција, и средно образовна институција, нема да има такви шанси кај нас.“

А има обиди?

„Се знае дека обиди има насекаде, но тука кај нас не се тие обиди толку силни.“

На улиците на Скопје и на другите градови во Македонија често може да се забележат вахабисти или селафии. Тие се припадници на традиционалниот ислам. Препознатвливи се по долгите бради, широките кошули и пантолони до над глуждовите. Долго време во јавноста се шпекулира дека вахабистите држат под контрола неколку џамии во Скопје, но официјално ретко кој го признава тоа.

Тахири тврди дека сите џамии во Македонија, „на еден или на друг начин“ се под контрола на ИВЗ. Од друга страна, британскиот неделник Сандеј тајмс, цитирајќи го поглаварот на ИВЗ, вчера објави дека четири џамии во Скопје не се под контрола на ИВЗ.
Сите сомнителни информации и сите индиции се контролираат од страна на МВР и не можеме да кажеме дека во моментов постои некаква посериозна закана по безбедноста и интегритетот на земјата.

Неделникот, повикувајќи се на неименувани македонски владини извори објави дека македонските власти држат под присмотра 50-тина доброволци регрутирани од Ал Каеда да се борат во Авганистан. Неделникот наведува дека македонските власти истражуваат неколку исламски хуманитарни организации кои добиваат пари од арапските земји. Тие се осомничени за ширење исламски екстремизам и за перење пари.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котевски вели дека Македонија е дел од меѓународната коалиција за борба против тероризмот и оти македонските безбедносни служби во таа насока соработуваат со сите странски партнерски служби.

„Сите сомнителни информации и сите индиции се контролираат од страна на МВР и не можеме да кажеме дека во моментов постои некаква посериозна закана по безбедноста и интегритетот на земјата.“

На почетокот на годинава, по средбата со премиерот Никола Груевски, израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман рече дека Балканот е следна дестинација на екстремистичките групи како Ал Каеда. Либерман рече дека во регионов се регистрирани сомнителни парични трансакции од муслимански добротворни организации.

Експертите за безбедност велат дека, меѓу другото, Балканот е атрактивен за регрутирање терористи и поради европската физиономија на населението, кое како што велат, „толку не боде очи“, како луѓето со арапски или азиски изглед.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG