Достапни линкови

Меркел во посета на Турција


Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска треба да пристигне во дводневна официјална посета на Турција која се очекува да биде засенета од несогласувањата во врска со плановите на Анкара за влез во Европската унија. Меркел упати повик на Анкара да и се даде таканареченопривилегирано партнерство наместо полноправно членство, предлог кој веднаш беше одбиен од турската влада. Германија и е најголем трговски партнер на Турција, а речиси 3 милиони Турци живеат во Германија. За време на нејзината посета, Меркел ќе се сретне со премиерот Реџеп Таип Ердоган и претседателот Абдула Ѓул.
XS
SM
MD
LG