Достапни линкови

logo-print

Монголија: годинава најстудена зима


Меѓународниот Црвен крст апелираше за помош за илјадници монголски сточари кои го загубиле својот добитокот поради најекстремниот студ што ја погоди земјата во изминативе неколку години. Хуманитарците велат дека се потребни над 900 илјади долари за итна помош на 3 илјади семејства кои ги загубиле стадата. Речиси половина од населението во земјата се сточари.
XS
SM
MD
LG