Достапни линкови

logo-print

Јеремиќ и Друцас ќе разговараат за спорот со името


Прашањето за името на Македонија се очекува да биде дел од агендата на шефот на српската дипломатија, Вук Јеремиќ, на средбата со алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас во Будимпешта, јавува Бета. Јеремиќ денеска и утре ќе престојува во Будимпешта, каде што, покрај со Друцас, ќе се сретне и со својот хрватски и унгарски колега, Гордан Јандроковиќ и Петер Балаш. На средбата ќе се разговара за прашањето за враќање на бегалците, како и за европската стратегија за регионот Дунав.
XS
SM
MD
LG