Достапни линкови

logo-print

Седници на три собраниски комисии


Во Собранието на Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за труд и социјална политика и за одбрана и безбедност. Комисијата за европски прашања ќе расправа за Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители, како и за предлог законите за дополнување на законите за рибарство и аквакултура и за воздухопловство. На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се предлог законите за изменување на Законот за семејството и за дополнување на Законот за работните односи. Комисијата за одбрана и безбедност ќе има средба со претставници од Високата школа за одбрана на Холандскиот институт за меѓународни односи.
XS
SM
MD
LG