Достапни линкови

Москва - ден на жалост


Во денешните две експлозии во московското метро загинале најмалку 39 луѓе, а над 60 беа повредени јавувија руските медиуми. Според Федералната служба за безбедност, за нападите биле одговорни жени самоубици. Претседателот Дмитри Медведев најави решавачка борба против тероризмот.

Во денешните две експлозии во московското метро, според најновите податоци, загинале најмалку 39 луѓе, а 60 тина биле повредени. Во соопштението на Федералната служба за безбедност се наведува дека двата бомбашки напада ги извршиле жени самоубијци. Тоа го потврди и градоначалникот на Москва Јуриј Лужков.

“Според првичните извештаи, добиени од Федералната служба за безбедност во нападите биле вклучени две жени, бомбаши самоубијци. Тие веќе се идентификувани.“

Првата експлозија се случила во метро станицата Лубјанка во центарот на Москва при што имало најмалку 22 загинати, а 11 други биле ранети. Се прецизира дека бомбата експлодирала во вториот вагон и тоа во моментот кога возот бил во станицата Лубјанка која се наоѓа во непосредна близина на седиштето на Федералната служба за безбедност.
Според првичните извештаи, добиени од Федералната служба за безбедност во нападите биле вклучени две жени, бомбаши самоубијци. Тие веќе се идентификувани.


„Денеска во 7 часот и 20 минути во метро станицата Лубјанка се случи експлозија од неидентификуван тип. Најмалку 20 луѓе се убиени. Експлозијата се случи во вториот вагон на возот“, изјави Владимир Маркин портпарол на истражниот комитет на руското обвинителство.

40-тина минути подоцна имало уште една експлозија во метрото, овој пат во станицата Паркот на културата, исто така во центарот на Москва, при што загинале 12 лица, а седумина биле ранети. Московскиот обвинител Јуриј Сјомин предупреди дека е рано да се зборува за конечен број на загинатите и повредените. Според него, најверојатно станува звор за три килограми експлозив од типот ТНТ.

„Отворена е истрага од началникот на истражна служба во согласност со член 205 од рускиот кривичен законик, тероризам“, изјави Маркин.

Шефот на Федералната служба за безбедност Александар Бортников за експлозиите ги известил претседателот Дмитри Медведев и премиерот Владимир Путин кој бил на Сибир. Ниту една група досега ја нема преземено одговорноста за денешните напади, но се сомнева дека тоа би можело да биде дело на некоја исламистичка организација од регионот на Северен Кавказ. Последен пат Москва беше цел на терористички напад во август 2004 година кога бомбаш самоубиец во една метростаница убил 10 луѓе.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG