Достапни линкови

Нема преговори со Израел додека се градат еврејски населби


Арапските лидери ја отфрлија можноста за обнова на мировните преговори на Блискиот Исток се додека Израел не запре со изградбата на населби во арапскиот дел на Ерусалим, кој Палестиниците планираат да биде главен град на нивната идна држава. На крајот на дводневниот самит во Либија тие го повикаа американскиот претседател Барак Обама да остане лојален на својата почетна и клучна позиција, односно да ја сопре изградбата на еврејските населби на палестинска земја, кои претставуваат опасна пречка за мирот. Арапските лидери се согласија да спроведат економски и политички мерки за да му се противстават на Израел и се согласија да донираат 500 милиони долари за помош на тамошните Палестинци.
XS
SM
MD
LG