Достапни линкови

Над 30 загинати во две експлозии во московското метро


Во денешните две експлозии во мосоковското метро загинале над 30 луѓе, јавуваат руските медиуми. Првата се случила во метро станицата Лубјанка во центарот на Москва при што загинале најмалку 25 луѓе, а 15 други биле ранети. Портпаролот на министерството за итни случаи Ирина Андријанова изјави дека 14 лица загинале во вториот вагон од возот, додека преостанатите се наоѓале на платформата на станицата Лубјанка. Агенициите јавуваат дека половина час подоцна имало уште една експлозија во метрото, овој пат во станицата Паркот на културата, при што загинале 12 лица, а десетина биле ранети. Засега нема информации за причината на експлозиите. Интерфакс не ја исклучува можноста од напади на бомбаши самоубијци.
XS
SM
MD
LG