Достапни линкови

Безбедноста во БиХ тема на престојниот самит на Г8


Шефовите на дипломатии на земјите членки на Г8 во наредните два дена ќе разговараат во Канада за безбедносните закани во светот. На дневен ред ќе биде и прашањето за безбедноста во Босна и Херцеговина кое може да го дестабилизира регионот.Конференцијата која ќе се одржи во близина на Отава, ќе претставува подготовка за главниот Самиот на Г8 кој треба да се одржи на 25 ти и 26 –ти јуни. Главна тема на самитот ќе биде нуклеарното вооружување, тероризмот и тензиите во определени области кои можат да доведат до дестабилизација, пренесуваат новинските агенции.
XS
SM
MD
LG