Достапни линкови

logo-print

Следбениците на Садам Хусеин се поактивни


Десната рака на Садам Хусеин, бегалецот Изат Ибрахим ал Дури со снимена аудио порака, апелираше до арапските лидери да разговараат со бунтовничките групи, кои како што вели во пораката се вистинските ирачки претставници. Аудио пораката денеска е емитувана на ТВ станицата Аџезеира. Ал Дури во пораката бара од лидерите собрани на Самитот во Либија да го признаат отпорот на бунтовничките групи, вооружени и невооружени, и да ги прекинат диполоматските односи со окупаторските власти во Ирак. Ал Дури е поранешен вицепремиер и поранешен заменик претседател на револуционерниот командантен совет. Потерницата по него вреди 10 милиони долари и се претпоствува дека се крие или во Ирак или во Сирија.
XS
SM
MD
LG