Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги осудија грчките провокации


Двете најголеми политички партии во Македонија го осудија говорот на омраза на грчките војници во парадата во Атина. Зоран Патрески, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е е чудно тоа што ваквите изливи на омраза се случуваат веќе неколку пати во последните години. Петрески ги оцени ваквите настани како штетни за добрососедските односи. Лидерот на опозициската партија СДСМ, Бранко Црвенковски смета дека антимакедонските скандирања во Атина се недозволива провокација, која најмалку треба да се случи во земја членка на НАТО и на Европската унија.
XS
SM
MD
LG