Достапни линкови

Нетанјаху со смирувачки тонови за дипломатските односи со САД


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека односите меѓу Израел и САД се сојузнички и пријателски. Нетанјаху ги демантираше медиумските извештаи во кои средбата со американскиот претседател Барак Обама ја оценија како „катастрофална “ за Израел. Еден од советниците на Обама, Давид Акселрод изјави дека САД се заинтересирани за ирзаелската безбедност. По средбата со Обама, Нетанјаху изјави дека Израел нема да престане да гради во Источен Ерусалим.
XS
SM
MD
LG