Достапни линкови

logo-print

МНР утре ќе искаже протест за скандирањето на грчките војници


Македонското министертво за надворешни работи ќе ја повика утре на разговор грчката амбасадорка Александра Пападопулу на разговор поради антимакедонските скандирања на воена парада во Атина. МНР соопшти дека утре ќе биде искажан протест и ќе барат формално извинување. Грчките војници на парадата скандирале „ Тие се Скопјани, тие се Албанци ќе си направам нова облека од нивната кожа“. Грчките медуими известуваат дека официрот на воената единица што парадирала е суспендиран , а најавни се и казни за војниците поради говор на омраза.
XS
SM
MD
LG