Достапни линкови

logo-print

Џамија во Варшава причина за протести и контрапротести


Десетици луѓе во Варшава протестираат против планот на исламската заедница да изгради втора џамија во градот. Протестот привлече и мала група на контрадемонстранти. Полицијата создала бариера меѓу двете групи кои се собрале на градилиштето на џамијата, пренесуваат новинските агенции.
Првата група на демонстранти кои протестираат против изградба на џамија велат дека не сакаат да се изгради џамија со пари од Саудиска Арабија, поради како што велат влез на радикалниот исламизам во земјата.
Втората група демонстранти кои шетале со пароли „ стоп за исламофобијата“ бараат да им се врати парцелата каде што сакаат да изградат џамија.
XS
SM
MD
LG