Достапни линкови

logo-print

Палестинците ги условуваат преговорите


Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска ја отфрли можност за индирекни мировни преговори, се додека Израел не се откаже од намерата да изгради еврејска населба во источниот дел на Ерусалим. Абас во својот говор на Самитот во Либија истакна дека ако Изрел стои цврсто на својата одлука преговорите ќе бидат на статус кво. Тој предупреди дека „израелското етничко чистење на дневна основа“ само ќе доведе до конфликт во регионот. Обединетите Нации, Соединетите Американски Држави, Европската Унија и Русија побараа од Израел да престане со градбата на еврејска населба во источен Ерусалим
XS
SM
MD
LG