Достапни линкови

Папандреу со оценка за средбата со Груевски


Разговорите со македонскиот премиер Никола Груевски во Брисел минаа во позитивна атмосфера и покрај познатите позиции на двете страни. Вака ја оцени бриселската средба, грчкиот премиер Јоргос Папандреу, на прес конференцијата на крајот на Самитот на ЕУ. Тој изрази верување дека ваквите контакти можат да имаат само позитивно влијание на напорите на Обединетите Нации за да се најде заедничко прифатливо решение за прашањето за името.Папандреу не изнесе повеќе детали за премиерската средбата.
XS
SM
MD
LG