Достапни линкови

Тајландските демонстрантите пробале насилно да влезат во Владата


Илјадници демонстранти ја опколиле канцеларијата на тајландскиот премиер Абхисит Веџаџива, со што се зголемиле стравувањата за судири со безбедносните сили во Банкок. Демонстрантите кои бараат нови избори, ја урнале барикадата и пробале насилно да влезат во Владата. П о неуспешниот обид тие преговарале со шефот на обезбедувањето и се повлекле. Новинските агенции пренесуваат дека демонстрантите се плашат дека Веџаџива ќе прогласи вонредна состојба по што безбедносните сили ќе ги растурат протестите.
XS
SM
MD
LG