Достапни линкови

Расмусен ја повика Русија да се вклучи во антиракетен штит


Генералниот секретар на НАТО, Андрес Вог Расмусен ја повика Русија да се вклучи во изградба на голем „ безбедносен чадор “ за да се заштитат од можни ракетни напади од проблематичните земји. Расмусен во својот говор денеска во Брисел истакна дека е неопходно да се заштитат од растечката нуклеарна закана. Тој додаде дека до сега заканата бил апстракна но сега постојат 30 земји кои веќе имаат или развиваат ракети со голем дострел. Расмусен рече дека пример за тоа е Иран чии ракети можат да достигнат до Европа и делови на Русија. Тој побара од НАТО да донесе одлука за ракетна заштита на наредниот самит во ноември во Лисабон.
XS
SM
MD
LG